3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во вторник (26.10.) започнува претпоследната, петта фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Во вторник (26.10.), Општина Центар ќе започне со изведбата на 5-тата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Во оваа фаза се предвидува целосно затворање на улицата од крај на фаза 4 до крстосницата со улица „Ѓорѓија Пулевски“. За време на реализацијата на оваа фаза се забранува паркирањето на дел од улицата „Благоја Давков“ и возилата што доаѓаат од ул. „Франклин Рузвелт“ се пренасочуваат преку ул. „Ѓорѓија Пулевски“ по останата мрежа.

Едниот пристап до Министерството за одбрана се затвора и возилата до министерството ќе пристапуваат преку веќе претходно изградениот пристап. Улицата „Алберт Ајнштајн“ се предвидува да биде целосно затворена, со тоа што жителите од истата ќе можат да пристапуваат преку улицата „Донбас“ која е поврзана со ул. „Орце Николов“, со пристап преку тротоар. Улицата „Дане Крапчев“ е затворена на делот кон крстосницата за што е поставена соодветна сигнализација и е оставена можност жителите по должина на истата да пристапуваат во слепиот крак.

Реализацијата на оваа фаза од реконструкцијата е предвидено да трае 30 дена.

Реконструкцијата на „Орце Николов“, поделена во 6 посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни. Целиот зафат чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +