9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Само обединето Скопје може да продолжи напред

-Скопје е град на скопјани, наш заеднички дом, град кој се грижи за сите, без оглед на која страна на Вардар живеете, јас верувам само обединето и сплотено Скопје може да биде убаво место за живеење, каде секој ќе може да каже ова е мојот град, во кој младите ќе имаат иднина, а старите сигурност. Иднината на овој град е во ваши раце, да гласаме за Скопје, рече сегашниот и кандидат за градоначалник, Петре Шилегов на собирот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.

-Тоа е Скопје што ќе го градиме а не споменици и стриопор, новиот урбанистички план ќе гарантира дека никој нема да го злоупотребува Скопје во лични цели. Скопје е жртва на ГУП-от од 2012 кој му направи проблем на градот, да не дозволиме да се претвори градот на кич и невкусот, заборавивме ли на палмите и жалните врби, дека се плашевме децата да ги пратиме во училиште за да не се истепаат, а сега е сигурно, да не дозволиме грешките да ни се повторат. Од другата страна се истите луѓе кои експериментираа со нашето Скопје, да не бидеме да бидеме прелажени со нереални идеи, да не дозволиме да се врати едно старо минато, и гневот да го надвладее разумот, сега е време да се договориме за доброто на Скопје, порача Шилегов.

Тој дополни дека ова се избори за Скопје да продолжи напред, а не да се препушти на истите кои му ја зедоа душата.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК