Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку

Можно е, остварливо е, неопходно е обединување, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на обединувачкиот собир на партијата. Тој кажа дека секое време има свои предизвици, дека се тешки компромисите на дипломатските маси, дека не се лесни ниту компромисите со себе си, но дека е должност да одиме напред. 

-Тоа е единствено можно на потешкиот начин. Извлековме повеќе поуки, или ќе бидеме сите среќни или ќе нема среќа за никого, но убеден сум дека ќе го избереме најдоброто. На само еден чекор сме низбрдо, дали во 2006 година или во 2001 година и повторно да сме во кризи. Ништо не е потешко од последниот центиметар до целта. Сме имале бројни препреки и закани по живот, но на еден центиметар до врвот имаме најмногу комоција, но на таа точка нема да се лизнеме. Уморот ќе го претвориме во концентрација и волја и нема да дозволиме сами да си ставиме кочници на патот, кажа Заев.

Тој додаде дека на први ноември ќе осознаеме дали самите себе си сме си поставиле кочници, бидејќи во спротивно противниците преку исходот  од изборите во Скопје сакаат да го вратат режимот.

-Скопје го унакажаа, го нагрдија, се изживуваа врз неговата урбана физиономија, но Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК