23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ на Алсат: Очекуваме победа каде што имаме предност, по вториот круг ќе имаме поголем број општини

„Очекуваме победа во сите општини каде што имаме водство по првиот круг и очекуваме пресврт во најголем дел од оние општини каде што немаме водство“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебатата на АлсатМ.

Тој додаде дека секој ден, помеѓу луѓето се разговара за грешките, за тоа што може да се направи и е убеден дека ситуацијата на терен се подобрува.

„ВМРО-ДПМНЕ го постигна својот максиум. Шансата е за нас во вториот круг да ја завршиме работата и да имаме балансирана слика на крајот на изборите“ рече Маричиќ.

Тој доаде дека челновите на СДСМ работат на максимална мобилизација на целото членство, но и слободоумните граѓани со цел прогресивната сила да продолжи да оди напред и да не дозволи враќање на земјата назад.