Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:
Се обединуваме во име на граѓанскиот глас! Граѓанскиот глас е совеста на општеството и иднината на Битола и државата.
Вечерва во Битола имав средба со претставници на граѓанскиот сектор, со граѓански активисти, стопанственици и општественици, со кои разговаравме за најважните теми од интерес за битолчани.
До пред четири години државата беше заробена, изолирана, а критичката мисла беше загрозена и често пати погазувана од страна на власта. Ние за четири години направивме целосна трансформација. Државата ја вративме на вистинскиот колосек, ги отворивме институциите за граѓаните, политиките ги градевме заедно со граѓанскиот сектор.
Во име на сѐ што постигнавме досега, барам поддршка на 31 октомври за Општина Битола и Северна Македонија да продолжат по вистинскиот, исправниот пат – напред!
Да се обединиме и да гласаме за број 12, за да продолжи унапредувањето на слободата и демократијата.