22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Left to right: Radmilla Shekerinska (Minister of Defence, North Macedonia); Olivera Injac (Minister of Defence, Montenegro); NATO Deputy Secretary General Mircea Geoană; Lloyd J. Austin III (US Secretary of Defense) and NATO Secretary General Jens Stoltenberg
МАКЕДОНИЈА

Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за Северна Македонија

Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата.

Целите на способности го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите – членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО. Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено имајќи предвид дека секоја земја развива специфични капацитети, кои заедно ја прават Алијансата поцврста и поспремна да ја гарантира безбедноста и стабилноста на евроатлантската област.

Министрите за одбрана на состаноците разговараа и за Авганистан, и потребата никогаш повторно да не се дозволи оваа земја да биде упориште на тероризмот. Со една комплексна, но добро координирана акција на НАТО, од Авганистан беа евакуирани над 130 илјади граѓани кои во изминатите две декади им помагаа на силите на НАТО во оваа земја. Северна Македонија и во овој случај со привремениот прием на одреден број авганистански граѓани покажа дека е сојузник на кој Алијансата може да се потпре.

На маргините на овие состаноци, министерката Радмила Шекеринска оствари бројни средби со министрите од сојузничките земји на кои беше потврдена заложбата за развој на меѓусебните билатерални одбранбени односи. Шекеринска во Брисел, се сретна и со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино каде ја пренесе пораката дека Северна Македонија испорача резултати и дека е потребно Унијата час поскоро да го отвори патот кон полноправно членство.

Пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката учествуваше на церемонијата за именување на централната раскрсница во Врховната команда на сојузничките сили во Монс – “Скопје”, со што нашиот главен град се приклучи на традицијата на именување на улици во оваа Команда според НАТО престолнините.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО во македонското Собрание

M T

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

M T

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

M T

СДСМ: Две години во НАТО, две години молк на Мицкоски за овој успех

M T