23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ21: Јас секогаш ќе се борам против режим, но нема Едно општество ако со Скопје управуваат националисти

-Граѓаните веруваат во проектите што ги работиме, веруваат во филозофијата, веруваат во интегративните процеси, веруваат во едно општество за сите, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју на ТВ21. Тој повтори дека не се потребни нови предвремени парламентарни избори, затоа што наредните повеќе од две години треба да се искористат за подобрување на економскиот стандард, повисоки плата и повеќе работни места.

-Со победа на ВМРО-ДПМНЕ немам дилема што се враќа, нивниот однос, карактерот на луѓето, на политиката се враќа режим, тоа се истите луѓе без дилеми. Владата предводена од мене не може да влече напред кон ЕУ кога имате политики на локално ниво коишто ќе направат се да се скараат со Бугарија, со Грција. Јас можам да се борам за едно и еднакво општество, да обединувам дома, но нема напредок ако дојдат националисти во градот Скопје и луѓе скриени позади независна кандидатка, рече Заев.

-Видете го профилот кога таа не беше кандидатка, граѓаните можат тоа да го проверат, зборовите „мрш“, зборовите на непријателство со соседите заради тоа што не е поканета таа комора на состанок… Јас ги знам по структура ваквите личности и моја должност е да ги знам без разлика колку е тоа затскриено под коалиција на ВМРО и Алијанса, заклучи Заев.