Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово од населбата Гоце Делчев изјави “Во нашата програма е предвидено во зимскиот период, кога има големо загадување, да обезбедиме бесплатен превоз за сите граѓани во месеците декември, јануари и февруари. За пензионерите дополнително ќе имаме определени денови од неделата, кога ќе се возат бесплатно”.
Во зимскиот период кога има најголемо загадување во Куманово предвиден е бесплатен градски превоз за сите граѓани на Куманово.
„Со цел да го намалиме движењето на возилата, да ги натераме превозниците да купуваат што е можно поеколошки автобуси, за да ја зачуваме животната средина и воздухот да ни биде почист. Тоа се однесува на месеците декември, јануари и февруари. За пензионерите ќе имаме определени денови за почеток, кога ќе имаат бесплатен превоз до Куманово и назад до населбите”, подвлече Илиевски.