8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев: Граѓаните ја бараат и ќе ја добијат нашата мобилизација

Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја чуеме, да ја разбереме и да постапуваме по неа, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на социјалните мрежи по првиот круг од локалните избори.

„Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација“, посочува Заев.

Тој нагласува и дека во вториот круг ќе се води борба за секој град и за, како што вели, правецот на нашата земја.

„Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Сега е најважно обединувањето“, заклучува Заев.

Можеби ќе ве интересира

Славјанка Петровска се прости од Панчо Минов со емотивен статус: “Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено”

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

ДЕСК

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

ДЕСК