Соопштение на СДСМ:
Им благодариме на граѓаните високото ниво на демократска свест, државата и граѓаните успеаја да спроведат целосно демократски, фер, слободни и европски избори.
СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во државата.
СДСМ победи и победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово Ростуша, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, како и огромна победа против ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа се стотици илјади гласови на народот. Тоа за нас е обврска и таа обврска ние ќе ја исполниме и нема да застанеме и да дозволиме на некого земјата да ја враќа назад. Пред нас е сериозна борба.
СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг во вкупно 36 општини, плус Градот Скопје, СДСМ и коалицијата во вториот круг победуваат во најголем дел од општините и Град Скопје.
Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанати општини. На крајот, СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.
За вториот круг ја обединуваме цела владина коалиција, за вториот круг се обединува прогресивниот глас и влегува во борба за она што со труд заедно со народот го обезбедивме.
Борбата продолжува – Прогресот се обединува – бидејќи злото се заканува!
Коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централна власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, БЕСА, ДПА, Бошњачкиот сојуз и другите партии,оваа коалиција на прогресот и напредокот се обединува и влегува во борба за мнозинства во најголем број од советите на општините низ државата.
Тоа се мнозинствата низ кои се претставени прогресивните и демократски политики на оваа власт, поддржани од огромно мнозинство од народот.
Тоа се мнозинствата кои ќе обезбедат напредокот да продолжи.