25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Таравари славеше победа во прв круг, но „студен туш“ од ДИК, ќе има втор круг во Гостивар

Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар од редовите на Алијанса/Алтератива синоќа прослави победа уште во првиот круг. Сепак, утрово стигна „студен туш“ од Државната изборна комисија. Имено според податоците на комисијата и преброено 100 отсто од гласовите и гласачките места, во Гостивар ќе има втор круг.

Таравари освоил 15724 гласови, односно 49,88 отсто, наспроти Невзат Бејта од ДУИ со 13190, или 41,84 отсто од гласовите.

Ова значи дека овие двајца влегуваат во трката во вториот круг и победникот ќе биде решен на 31 октомви.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК