10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДИК објави целосни резултати за шеесетина општини: Ова се победниците во прв круг и општините каде што ќе се гласа во втор

Се Уште доцнат податоците за многу општини низ Македонија во системот на ДИК, но засега се објавени речиси сигурни победници во 60-тина општини.

Според првичните податоци Државната изборна комисија, досега се избрани градоначалници во првиот круг се во 28 општини и тоа:

Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите; Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите; Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите. Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите. Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите. Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите. Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите. Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите

Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите, Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите, Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% оод гласовите, Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите, Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите

Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите, Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите, Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%, Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%, Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%, Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%, Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%, Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,29%, Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%, Алија Јаоски од ДУО за Пласница со 76,65%, Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%, Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%, Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%, Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите,Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97%

По пребројувањето на сите гласови, според податоците на системот на ДИК, втор круг сигурно ќе има во:

Лозово, Бутел, Росоман, Битола, Боговиње, Арачиново, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Маврово, Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево.

Спонзорирано: