Никогаш не било појасно за кого да се гласа, знаете како владееме и каква е сегашната опозиција, рече претседателот на СДСМ од Куманово, Зоран Заев. Тој кажа дека опозицијата правеше обиди за кочење и блокади, додека граѓаните гледале како власта ги носи одлуките.
-Во недела вие одлучувате и не дозволувајте блокадите од централно ниво да се пренесат на локално ниво. Сега е моментот да не се поколебате и државата да не се врати во неизвесност. Со нас знаете на што сте. СДСМ ја води државата напред, а тие ја влечат назад. Ние сме најмодерната коалиција која постојано се развива, кажа Заев.
Тој потсети дека во ВМРО-ДПМНЕ членовите не го бираат сами претседателот, каков што е случајот во СДСМ и истакна дека доколку во самата партија не можат да воспостават демократија, тогаш тоа не можат да го направат ниту во државата.
-Тие уште спијат и се во времето на едноумие, режим и диктатура.
Опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, ја носи државата во мрак и изолација. Имаат само популизам и кочничарење и тоа не смее да се дозволи и во општинските совети. Мицкоски вели реалноста била тешка, да така е, кога губиш шестпати на избори и сега на седмиот пораз ќе мора да си заминеш од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. На државата и треба конструктивна и проевропска опозиција, а не таква што ќе блокира помош во време на пандемија, заклучи Заев.