7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Македонија две дози вакцина примиле над 750.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 прва доза, 1.730 примиле втора, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 14 октомври, вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, втора доза примиле 758.001, а трета 1.039 граѓани. 53 % од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 %, а со две дози опфатени се 45 % од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК