23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ разоткрива: Документи потврдуваат, Данела била управител кога нејзината фирма направила долг за струја од 54.000 евра

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ:

“Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра!

Токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела а потоа Империал.

Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра! А токму од 2013 година до 2014 година, била управител на оваа компанија.

Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи. Толку од чесноста на Данела Арсовска. Не е ниту е чесна, ниту пак е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.

Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот. Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.

Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого?

Ваквото нечесно, неодговорно и недомаќинско однесување на Арсовска ќе го ценат граѓаните, кога во недела ќе и испорачаат убедлив пораз и ќе покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје.” рече Дарко Каевски.


(фото СДСМ)


(фото СДСМ)


(фото СДСМ)


(фото СДСМ)