25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Американски експерти: „Луѓето над 60 години не треба да земаат аспирин“

Луѓето над 60 години не треба да земаат аспирин за да спречат срцеви заболувања и мозочен удар, објави во вторникот работната група на САД за превентивни активности.

Во соопштението се наведува дека независен панел експерти предупредил дека употребата на аспирин може да предизвика штета.

“Најсериозната потенцијална штета е крварење во желудникот, цревата и мозокот. Шансата за крварење се зголемува со возраста и може да биде опасна по живот”, се вели во соопштението.

Во Соединетите држави, приближно еден од три смртни случаи е резултат на срцеви заболувања и мозочен удар.

„Сега се препорачува луѓето кога ќе наполнат 60 години да не размислуваат да почнат да земаат аспирин, бидејќи ризикот од крварење ги поништува придобивките од спречување на срцеви заболувања“, се вели во соопштението.

Луѓето на возраст меѓу 40 и 59 години, кои се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања или имаат историја на кардиоваскуларни заболувања, исто така се предупредени да одлучат со своите лекари дали ќе почнат да земаат аспирин.

Освен што ја ублажува болката, ја намалува температурата и го намалува воспалението, аспиринот може да спречи формирање на згрутчување на крвта.