26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во Карпош: Никогаш повеќе маскиран фашизам во режим

Нека им е вечна славата на Христијан Тодоровски –Карпош, патронот на општината и на низата и на сите други борци и херои кои го трасирале патот за слободни човекови права и за напредна денешна Северна Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Карпош, салата Борис Трјаковски.

-На 11 октомви 2012 година може слободно да речеме дека учиме од умното минато, не загалавуваме во него, овој празник е симбол на самосвеста на земјата во каква држава сакала и сака  да живее. Народот на Северна Македонија е на вистинската страна на историјата, уште во минатото, сме биле против фашизмот и за доброто на сегашноста и за генерациите пред нас, благодарение на прогресивната идеологија на СДСМ се изборивме со деценискиот решим, и денес сме 30 полноправна земја членка на НАТО, на иста маса со земјите од демократскиот свет, го остваривме сонот и на партизаните и предците на дело, тоа е патриотизам на дело, појасни Заев.

-Поради сеуште постоечки иридентизам на Балканот, но со мудра дипломатија, стратешјки партнери, ве уверувам Република Северна Македонија ќе биде европска земја, идентитетот ни е утврден на дело, го бетониравме македонскиот иденетитет како што правеле партизаните и илинденците пред нив, е тоа е патриотизам. Нашето место е во Европа бидејќи европската идеја е најпрогресивната политичка идеја, посочи Заев.

Тој рече дека реализацијата на ова мисија има ризици, пречките не се само однадвор туку и од внатре.

– Но ќе успееме и ќе го исполниме дадениот збор, никогаш повеќе фашизам и никогаш повеќе маскиран фашизам во режим. Во скоро време ќе започната процесот со чекорите до поглавјето, економски развој, најдоброт за општините е најдоброто за граѓаните, Карпош ќе продолжи по патот напред, најдоброто е можно , заклучи Заев.