Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва обраќајќи се кон граѓаните и кандидатот за градоначалник за Ѓорче Пертров, Александар Наумоски најави дека ќеги поддржи сите проекти кои носат напредок и развој на Ѓорче Петров.
„Сум бил градоначалник знам како е да се одговара на потребите на граѓаните, а при тоа
средствата се ограничени.
Владата ќе застане зад изградбата на првото училиште во општината во историјата на
независноста! Владата ќе застане зад изградбата на двете градинки во Ново Село и Дексион.
Владата и Градот Скопје, јас и Петре ќе застанеме зад проектот Лепенец за конечно да се
уреди и таа река. Сите знаете, Владата, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се силно застанати зад Клиничкиот центар. Ќе ги отстраниме блокадите во Собранието, Скопје и Македонија ќе добијат најмодерен клинички центар прв по неколку децении.“ порача Заев.