22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Северна Македонија го чествува 11 Октомври и 80 годишнината од Денот на востанието, владина делегација се поклони пред спомениците на хероите

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот херој Прилеп, каде што од вчера и во текот на денешниот ден се реализира свечената државна програма со која се чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

Владината делегација се поклони и положи венци свежо цвеќе на спомениците на народните херои Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на споменикот „Жена борец“, по што ја посети Алејата на народните херои за да им оддаде почит на жртвите во народно-ослободителната војна од Прилеп, град кој даде 650 жртви, и се гордее со 15-те народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“.

Венци свежо цвеќе на споменичните места од народно-ослободителната војна денеска положија и други делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство.

Државната програма за одбележување на 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан продолжува на Могилата на непобедените во Прилеп со програма која предвидува полагање венци свежо цвеќе и соодветни содржини за чествување на празникот.

На Могилата на непобедените делегацијата на Владата на Република Северна Македонија ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој заедно со другите делегации, гости и граѓаните од Прилеп и од државата, ќе ја проследат празничната програма и обраќањата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК