23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во Радовиш: Мицкоски за тебе ќе гласаат спомениците и врбите, а за нас нашиот народ

Ние не сме имале аспирации да освојуваме држави и територии и секаде каде патувам во светот, покажува дека имаме огромни пријатели, минатата година имавме одлука за почеток на преговорите со ЕУ, се надевам дека до Нова година ќе ја имаме и првата конференција, но нема напредок ако дома се караме и со соседите , 30 години политичарите велеа, НАТО, ЕУ и обратно, еве сега имаме, спроведовме и успешен попис, за да знаеме каде треба водовод, каде патишта, каде градинки за да има ефект каде ги трошиме парите на граѓани и не е важно колку националности сме туку колку луѓе не има. Се учи ли во Радовиш и Струмица албански јазик, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Радовиш.

-Носев крупни одлуки кои се препознаени и дома и во целиот свет, имавме признание од сите земји, дома бевме македонци, а секаде бевме ФИРОМ, пријатели сме со сите соседи имаме лична карта во ОН, каде пишува македонци и македонски јазик, денеска сме членка на НАТО, денеска имаме имотен лист и некој може да сонува дека во земјава може да има конфликт и војна, рече тој.

Заев потсети дека пораснаа и платите, а од следната година и минималната плата ќе порасне на 18.200.

– Платите пораснаа за 6000 денари, пензиите пораснаа за 2000 денари и тоа не е многу но дупката во фондот се среди и сега од ноември и декември пензијата ќе расте согласно растот на плосечната плата. За 300 посто порасна социјланата помош, платите на вработените во здравството пораснаа за над 30 посто, пораснаа платите на полицијата, армијата, наставниците, 7.000 проекти направивме на ниво на државата, 100 милионми евра директни инвестивии, струјата не ја покачивме иако на светски берзи е 5 пати повисока, но инвестираме во економијата оти ни е кревка, рече тој.

Заев рече дека Владата на Северна Македонија инвестира во нашиот народ, не инвестира во споменици, златни огради или лева рака десен џеб.

-Мицкоски за тебе ќе гласаат спомениците и врбите, за нас нашиот народ, Никој од нас сам за себе не е ништо, без централната власт ниту ќе се раздолжеа општините ниту ќе ги имавме проектите во Радовиш, во време на најсериозните државни прашања, пандемија иневстиравме во цела источна Македонија, Радовиш е поврзан со Скопје со целосна инфраструктура, гасификацијата е при крај. Следната година ќе има финасиски и фискални промени, тоа се стоци милиони евра само за Радовиш, потоа институционална децнрализација, здравствените домови и различни институции ќе паднат подвладение на општината.Покажавме колку сме различни од нив, 12 години не покажаа резултат, рече тој.

Заев посочи дека земјава има одлична географска положба тоа треба да го искористиме и да го сплотиме, но граѓаните одбираат.

-Гасификацијата заедно ќе ја направиме во Радовиш, улиците и водоводните мрежи, две детски градинки, културен центар, а сите проекти имаат поддршка од централната власт, рече Заев.