25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николов: За прв пат по 1968 година е донесен ГУП, според кој Штип плански ќе се развива, го решаваме проблемот со водоснабдувањето, градиме индустриска зона

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Штип др. Сашко Николов вечерва во обраќањето пред своите сограѓани направи споредба меѓу дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ и водењето на општина Штип од страна на СДСМ.

Тој наведе дека СДСМ ги слуша ги решава проблемите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ се прави дека не ги гледа градинките што се изградени, патиштата што се градат, водоводите и канализациите, туку прават парада на популизам, само за гласови.

Од се што кажаа најмногу ме плаши „ние ќе се договараме“ и од овде му порачувам на Иван Јорданов дека времето на договарање, правење зделки, крадење на парите на граѓаните заврши, и нема да дозволиме тоа да се врати, сега важат законите, ние ги почитуваме законите, нагласи Николов.

Тој наведе дека општината треба да плати отштета од 3,5 милиони евра, за дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за нивните хирови и незнаење при изградбата на трговскиот центар во Штип.

За наредниот период Николов најави завршување на проектите започнати од страна на претходниот градоначалник од СДСМ Благој Бочварски, како браната на реката Отиња, сон на генерации штипјани, која ќе биде завршена предвреме, комплетирање на затворениот базен во Блок 77 и трибините на градскиот стадион, од кои трибината „Исток“ ќе биде изградена од страна на Општина Штип.

Во врска со проблемот со водата во општината Штип, Николов наведе дека 4 години се работи да се донесе чиста питка планиска вода од хидросистемот Злетовица и сега наместо 240 литри има 300 литри во секунда, а сите главни дистрибутивни цевки, од азбест-цементни цевки фазно ќе бидат заменети, со што трајно се отстранува опасноста по здравјето на граѓаните.

За решавање на сообраќајниот метеж Николов најави пробивање на сосема нова сообраќајница – обиколница „Запад“ со што драстично ќе се намалиме бројот на возила во централното градско подрачје и низ градските крстосници, како и комплетна изградба на булеварот „Партизанска“, на потег од УЗ „8ми Ноември“, се до УЗ „Баби“, со дислоцирање на ромските семејства во населба од типски куќи.

Особено внимание посветуваме на еколошката компонента од нашата програма, истакна Николов, најавувајќи субвенции за енергетско ефикасни фасади на зградите во населбите Пребег, Осми Ноември, Сењак 1, 2, 3 и 4, Автокоманда, но и во централното градско подрачје, како и за инвертер клими или печки на пелети, но и пошумување на околните места и повеќе дрва во градот.

За прв пат по 1968 година е донесен ГУП, според кој Штип плански ќе се развива во иднина, истакна Николов.

Тој најави дека на 300 хектари државно земјиште ќе се гради комерцијална зона со молови, аутлети, ресторани и други содржини, како и индустриска зона за инвестирање, за развој, за нови работни места.

Затоа на 17 октомври, гласајте за број 12 за листа советница, за 12 за градоначалник за др. Сашко Николов, дајте поддршка за социјалдемократската идеологија, за нов ураурбанизиран, зелен проевропски, дигитален град Штип, за Најдоброто, повика кандидатот за градоначалник на Штип, актуелниот градоначалник др.Сашко Николов.