Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Чаракчиев: Радовиш добива затворен пазар и мултифункционален Дом за култура, ќе го дадеме Најдоброто за нашите граѓани

На вечерашната граѓанска трибина Најдоброто за нашата општина, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Коле Чаракчиев, најави гасификација на Радовиш како еден од планираните капитални проекти во неговата програма.

“Од ова место, и јас и носителката на листата за советници Аница Бораниева Атанасова, пред премиерот Зоран Заев, ви ветуваме, дека нема да се штедиме и ќе продолжиме деноноќно да работиме на решавање на сите ваши проблеми. Ветувам и се обврзувам, дека заедно со вашата поддршка ке реализираме бројни капитални проекти” – рече Чаракчиев.

Покрај веќе реализираните проекти со поддршка од централна валст, во изминатите 4 години тој наброи и дел од новопланираните проекти меѓу кои и модерен, современ затворен градски пазар во Радовиш и нов објект во состав на детската градинка Ацо Караманов со што ќе се стави крај на проблемот со листа на чекање за згрижување на дечињата од најмала возраст.

“Сонот за модерен, мултифункционален културен центар нема да биде повеке сон туку реализаран проект во кој своето место ке го најдат повеке културни здруженија, младинци организрани во различни секции, аматерски сценски изведби, фолклорни ансамбли и млади талентирани ентузијасти” – истакна актуелниот градоначалник и кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата во Радовиш.

Тој додаде дека нема да бидат заборавени и луѓето од трета доба, и дека за нив е предвидено изградба на нов пензионерски дом.

„Ова се само дел од капиталните проекти предвидени во неговата програма кои се најдоброто за Радовиш, затоа треба да се избере бројот 12 за уште побрз развој и модернизација на Радовиш“ повика Чаракчиев.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК