1. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Весковски на ТВ24: Ќе се гради хумано и плански, Карпош ќе се шири кон Злокуќани и Бардовци

Веќе во текот на утрешниот ден го потпишуваме договорот за изградба на спортската сала „Партизан“ во Карпош 4, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Карпош, Душко Весковски, Тој кажа дека ветувањето било заглавено поради правните процедури, а за жал и општината немала доволно средства сама да го изгради целокупниот комплекс, па така со 80 милиони денари од државниот буџет преку дотација од Агенцијата за млади и спорт овој објект повторно ќе се врати во употреба, а со дополнителни 40 милиони денари кои ќе бидат наменети за изградба на базен ќе прерасне во спортско-рекреативен центар.

-Можам да го најавам и големиот парк во Карпош 4 на 60 илјади метри квадратни, а ветувам и дисперзија на градежните активности кон Злокуќани и Бардовци, истакна Весковски.

Тој додаде дека треба хумано и плански да се гради и јасна е визијата и на општината и на Град Скопје за правецот на каде треба да се шири општината, а тоа се потврдува и со фактот за изградбата на големата клучка кај Момин поток. Весковски најави дека во секој усвоен ДУП во иднина ќе мора да се запазува и изградбата на соодветни објекти, како што се на пример градинките и дека освен во инфраструктурни објекти, ќе инвестира и во блоковското зеленило.