10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Весковски: Во секој ДУП ќе се планира детска градинка и соодветно блоковско зеленило

„Освен инфраструктурни објекти и мрежи, мора да планираме и изградба на градинки во секој нов урбанизиран дел. Нема да се носи дуп без детска градинка и соодветно блоковско зеленило“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ и коалицијата, Душко Весковкси на дебатата на ТВ24.

„Карпош како постара населба, освен згради има и блоковско зеленило, преку кое има и проток на воздухот, што е потребно за чистење на воздухот“ додаде Вескоски.

Тој кажа дека мора да се реши прекумерната урбанизација на општината и тоа да се направи хумано и плански.

„Стратегијата на градот Скопје и општина Карпош е општината да се шири спрема Злокуќани, Бардовци и касарната Илинден. Новиот мост на Љубљанска, мостот кај Александар Палас, двата пешачки моста и клучката кај момин поток се јасна визија за тоа на каде ќе се движи општината, без разлика на исходот на наредните избори“ рече Весковски.

Тој кажа дека се надева оти во наредниот период низ општината ќе може да се гледаат се повеќе велосипеди, а помалку автомобили и најави субвенционирање на тротинети и велосипеди во борбата против аерозагадувањето.