25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведен бегалец од затвор

На 05.10.2021 во 17 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во с.Марино, скопско го лишија од слобода Т. П. (41) од Штип, кој бил баран по потерница од Основен суд Штип за доиздржување затворска казна во врска со чл.215 од КЗ на РСМ (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори), а кој избегал претходно од Затвор Струмица, а за доиздржување има уште 2 години, 6 месеци и 15 дена.Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.