23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сугарески: Бесплатни оброци, униформи и едукативни екскурзии за учениците

– Денеска, на Меѓународниот ден на учителите, 5 Октомври, ја изразувам мојата неизмерна почит кон сите оние кои ја извршуваат оваа благородната професија.
Учителите, наставниците, професорите, се оние личности кои го пренесуваат знаењето, го помагаат формирањето на здравиот карактер и го поттикнуваат најдоброто во секој ученик, најави Горан Сугарески, кандидат за градоначалник во Прилеп.

– Во таа насока, покрај моите заложби за модернизирање на условите за настава и поставување на високи кадровски стандарди за спроведување на образовниот процес, силен фокус ставаме на учениците и на нивните потреби.

Се обврзуваме дека ќе воведеме бесплатен оброк за учениците, проект со кој ќе бидат опфатени сите деца од основните училишта од градот.

Преземам обврска и тоа дека како градоначалник ќе воведам бесплатни униформи за сите ученици од основното и средното образование во Прилеп.Родителите никогаш повеќе нема да плаќаат ниту еден денар за униформи.

Нема да дозволам училиштата да бидат места каде се создаваат, или во кои до израз доаѓаат класни разлики помеѓу учениците.

Дополнителнои во правец на тоа, еднодневните екскурзии за основците и средношколците, кои се од едукативен карактер и кои се одвиваат на територијата на нашата држава, ќе бидат целосно бесплатни. Ќе бидат на терет на буџетот, а не на родителите.

Почитувани родители,
Ве уверувам дека ќе направам се’ што е во рамки и надлежност на општината, училиштата да бидат институции каде учениците се чувствуваат рамноправни и еднакви, меставо кои се негува и поттикнува солидарноста.
Јас силно верувам дека најдоброто за учениците, е најдоброто за Прилеп, рече Сугарески.