Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога

Денеска (05.10.2021) околу 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците К.С.(51) и Х.А.(54). При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Х.А., биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон, дигитална вага и предмети со остатоци од дрога.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК