Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи редовната 109-та седница

Владата денеска со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 109-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на дневен ред се повеќе предлози за изменување и дополнување на закони, предложени од Министерството за внатрешни работи, а се однесуваат на Законите за лично име, за лична карта, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија за пријавување на живеалиште и престојувалиште на граѓаните и други.

На денешната седница, меѓудругото пред министрите ќе се најде и Информацијата за усвојување на Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани, со Предлог на стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и Акциски план за имплементација на Стратегијата за градење национална отпорност и справување со хибридни закани, изготвена од Министерството за одбрана.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК