„Целосно сум разочаран и жалам што се случува ова. Скандалозно е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да не дојде овде и со другите против кандидати да одговори зошто и како се кандидира за градоначалник на Прилеп и да одговори на прашањата“ кажа кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Горан Сугарески на ТВ дебатата на МТВ.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески и кандидатот на коалицијата „Одлучно за промени“ Славе Петерски не се појавија на ТВ дебатата организирана од националниот сервис со останатите кандидати за градоначалници на Прилеп.
Сугарески на дебатата кажа дека нема оправдување за недоаѓањето на ТВ дуел за презентирање на програмите.
„Мора да се спомене разликата во слободата во претходните 12 години и во овие четири. Ние не можевме да одиме по телевизии како кандидати. Молевме, но не не канеа, а сега ги канат, а не идат“ рече Сугарески.