8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Градинката „13 Ноември“ во Градски ѕид добива европски лик

Иднината на Центар не е барок и стиропор, галии и шмизли туку вложување во поквалитетно образование и подобрување на условите за престој на најмладите, им порача Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на граѓаните од градски ѕид.

“Имаме многу планови и ќе реализираме многу проекти за подобар образовен процес. Она со што можеме да се пофалиме е доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“. Родителите бараа, а досегашното раководство во Центар предводено од СДСМ создаде услови децата во ова училиште да не одат во две смени“, рече пред граѓаните Герасимовски.

Герасимовски на маалската средба најави и реконструкција на градинката „13 Ноември“ Клон Беко чија постапка е во тек и која како што рече добива европски лик. Тој зборуваше и за обновеното детско игралиште кое децата веќе го користат но и исчистените гаражи за кои во следниот период најави целосно санирање. Герасимовски пред граѓаните се наврати и на реконструкцијата на кровови и порача дека граѓаните на Центар ја знаат разликата и затоа на 17-ти октомври ќе ја одберат иднината за Центар.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК