25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Илиевски од Бедиње и Карпош: Имаме само 4 детски катчиња во општина од над 100.000 жители, со детско катче во секоја населба да обезбедиме среќно детство за сите наши деца во Куманово.

Денеска Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово ги посети граѓаните од Бедиње и Карпош кадешто истакна дека само со аплицирање на проекти можеме да го придвижиме градот напред.

“Треба да ја искористиме шансата за соработка меѓу централна и локална власт. Секаде кадешто општината не може со општинскиот буџет да ги реализира проектите, тука се министрите, особено Оливер Спасовски, кои ни се ветар во грб за реализирање на секој еден проект кој значи подобрување на животот на кумановци.”
Илиевски рече дека секој проблем на граѓаните ќе биде слушнат од општината и решен во корист на граѓаните.

“Со едношалтерски систем воспоставен во општината ќе создадеме отворена и достапна општина за сите, кадешто секој граѓанин може да го пријави своето барање, за асфлатирање на улица, за улично осветлување, итн.”

Илиевски ја потврди својата заложба за продолжување на концептот Едно општество за сите.

“Не ги делам населбите по нација, сите сме еднакви, ќе го решиме секој проблем на секој наш сограѓанин, тоа е во духот на концептот на СДСМ за соживот и меѓусебна соработка за подобар живот на сите граѓани. Поразителен е фактот што имаме само 4 детски катчиња во општина од над 100.000 жители. Како Општина мора да обезбедиме детско катче во секоја населба, за среќно детство за сите наши деца во Куманово”, заврши Илиевски.