23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Ивановска: За 4 години во Ѓорче е изградено два пати повеќе отколку за 12 години

Во продолжение интегрален текст и видео од Марина Ивановска, кандидат за советник:

Почитувани граѓани,

Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село.

Темпото на СДСМ веќе јасно е препознаено од ѓорчепетровци. За четрири годни асфалтиравме улици во должина од 34, 7 километри, поплочени со бехатон се улици во должина од 5,3 километри, поставена е фекална канализациона мрежа од 40 километри, водовод од 4,8 километри, изведени се паркиг простори на површина од 7710 метри квадратни, поставена е атмосферска канализација во должина од 5,1 километар.

За четири години е двојно повеќе сработено отколку во изминатите 12.
Нашата програма го има најдоброто за Ѓорче Петров.

Во следните четри години ќе продолжат инвестициите во подземната инфраструкра, со изведба на атмосферска, канализациона и водоводна мрежа, асфалт наместо кал, реконструкција на улиците , локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам.

Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.

Високо на нашата агенда е чистата и здрава животна средина-Чиста наместо загадена вода, Хигиена наместо ѓубре.
Чесно и отчетно, работиме со партие од граѓаните за граѓаните.

Заокружувањето на бројот 12 е заокружување на сигурна иднина.

12 е бројот за развојно Ѓорче