10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов со повик до Скопјани да излезат на улиците и да ги поздрават маратонците

Денес по 17-ти пат на улиците на Скопје се одржува традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, на кој ќе има околу 7000 учесници, од кои најголемиот дел се домашни спортисти.

Учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт тргнаа од стартот во 8 часот, а тркачите на 5 километри во 8:10 часот тргнаа од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.

Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот. Службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставија целосно на располагање на учесниците во маратонот, за непосредно пред почетокот на трката улиците да бидат чисти, безбедни и погодни за трчање.

„Развивањето на спортот и промоцијата на здравиот начин на живеење беше една од нашите заложби во изминатите 4 години. Маратонот Виз Ер, како важен дел од нашите активности, стана еден симбол на Скопје, кој од година в година станува сѐ подобар и попосетен“, напиша градоначалникот Шилегов во објавата на Фејсбук.

Патеката по која учесниците трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.

„Денес, на овој голем спортски празник за градот, но и за нашата држава, имаме чест да го организираме 17-тиот по ред Скопски маратон, каде на наше големо задоволство, имаме можност да бидеме дел од еден Европски, па дури и светски настан. Ги повикувам сите скопјани да ни се придружат, да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците кои со своето присуство денес придонесуваат за развивање на оваа убава спортска приказна“, пишува Шилегов.
Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.

Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички” од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Видео обраќање на Шилегов: Во недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт

M T

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот

M T

Шилегов: Децата не ни се тепаат, ги вративме мирот и стабилноста во Скопје

M T

Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ со поддршка за Шилегов

M T

Шилегов: Распишан е тендерот за Бас Рапид Tранзит системот

M T

Демократскиот сојуз со поддршка за Шилегов: „Во вториот круг ќе се случи пресврт“

M T