Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите ќе паднат, нова тура дожд од среда – Метеоцентар со детална прогноза

За време на викендов и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Прогноза за 04.10.2021
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Утрото постудено, преку денот претежно сончево и потопло со слаб јужен ветер.

Прогноза за 05.10.2021
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 06.10.2021
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има појава на локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК