23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов од Струмица: Младоста нека биде гарант за искрените намери, сакам сите да можам да ве погледнам во очи

„Мојата младост нека биде гаранција за искрената намера. Еден ден ќе прошетам овде без мандат и ќе треба да се погледнеме во очи со сограѓаните, да си кажеме добар ден. И еден ден кога ќе не нема нека нашите дела зборуваат за сегашната наша верба и работа“ кажа Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ на трибината „Најдоброто за нашата општина“.

Тој кажа дека сите во Струмица добро се познаваат кои се, што се и од каде се и кажа дека со чист образ ја бара поддршката од струмичани да им служи во следните четири години.

„Не бараме глас за да владееме, бараме глас за да служиме. Едиснтвеното што го бараме од Струмица е верба во нашата искрена намера да ја водиме Струмица напред и да ја развиеме и изградиме во помодерна и поуспешна општина“ кажа Костадинов.

Кандидатот за градоначалник на Струмица кажа дека неговата визија е Струмица да биде препознатлива по силни економски параметри и пример за планирање и реализација на еворпски проекти, како и град во кој младите ќе гледаат потенцијал и светла иднина.

„Преку транспарентност и отчетност, со навремено делување и работа во сите сегменти ќе бидат третирани секојдненивте проблеми на граѓаните кои живеат во општина Струмица. Со еден ваков пристап и работна филозофија, со внимателно осмислена програма во која се опфатени сите аспекти и со мојот тим, верувам дека ќе бидеме премиер во управувањето и водењето на Струмица“ кажа Костадинов.