24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ужас: Мицкоски на митинг ја искористи несреќата во Тетово за политички поени, а за несреќите на во време режимот никој не смееше збор да каже

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Охрид на почетокот на локалните избори, не изостави да ја спомне несреќата во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 луѓе, а истрагата е во тек, искористувајќи ја за да собере дополнителни политички поени. Најтешко е што ова се случува буквално по неполни 5 години од ужасот во скопско во кој загинаа над 21 лице или 13 години од катастрофата во Охридско езеро кога се удавија 15 туристи. Да не зборуваме убиствата и масакрите во Смиљковско кога на Велики Петок беа убиени 4 деца и уште еден маж или масакрот во Кумановско кога беа ликвидирани млади полициски службеници.

– За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за оние 14 загубени животи во Тетово, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мене е победа силна и заедничка просперитетна Македонија, нагласи Мицкоски.

Според говорот тој не понуди никакви конкретни проекти и решенија туку само празни флоскули дека на Македонија и е потребна иднина која ќе даде сигурност, за нов патриотизам кој што ќе не обедини, константно повторувајќи дека за ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за чест, и достоинство,заборавајќи дека локалните избори се избори кои треба да му донесат подобар живот на секој граѓанин, бидејќи секоја општина, секое село, секоја населба го заслужува најдоброто.

Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти, реагираше утрово владејачката партија.

-Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите. Не проекти, Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата. Тоа го правеше во сите изминати години, а и се уште го прави. Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите. Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира ќе губи од граѓаните, а во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да го носи најдоброто за секоја општина, за секое населено место, најдоброто за државата, се вели во реакцијата.