18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

14 починаа, речиси 500 се новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово – по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.512 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-57, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-187, Биотек-265, Систина-114, лабораторија Лаор-144, Синлаб-24, Ремедика-29, Плодност–46, Генеа-10, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-60, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962

Спонзорирано: