25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Попишани 1.619.857 граѓани во земјава и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјава до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.