Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Слаб земјотрес во Северна Македонија

Земјотресот беше почувствуван од населението на државава, особено во југозападните делови со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 21 часот и 17 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтерова скала.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +