22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со Тони Делков: Очекувам втор мандат

Интервју со Тони Делков, градоначалник на Општина Неготино:

Градоначалниче, накратко како ќе ја опишите вашата функција во овие 4 години?
Најпрво сакам да Ви се заблагодарам за можноста на крајот од овој мандат да разговараме и да споделиме со нашите сограѓани како поминал мојот мандат како градоначалник во овие 4 години, а секако се надевам дека ќе разговараме и за идните планирања. Искрена благодарност испраќам до граѓаните на општина Неготино кои во 2017 година, на Локалните избори, во првиот круг ми ја дадоа довербата да бидам на чело на општината. Огромната доверба од граѓаните беше и моја обврска да во извршувањето на функцијата се водам од начелата на отчетност, транспарентност и поштеност. Периодот од од првите две години беше посветен на стабилизирање на општината и ставање на вистинскиот колосек. Морам да споменам дека кога ја преземамв функцијата, општина Неготино беше со блокирана сметка, и со долгови во висина од два цели буџети. Меѓутоа домаќинското и чесно работење овозможи да денес можеме да зборуваме дека општина Неготино нема долгови и плус има реализирано многу проекти кои го подобруваат животот на моите сограѓани. Овде несомнено морам да изразам и благодарност до Владата на Република Северна Македонија, која помогна на локалните самоуправи за враќање на долговите.Истовремено додека траеше периодот на финансиско стабилизирање на општината, јас и оопштинската администрација бевме посветени и за изработка на проекти за реализација. Општината ја затекнавме без проекти и можност за реализација на истите. Веќе вторите две години започна да излегува на виделина вистинското функционирање на општината.

Значи да повторам, мандатот накратко ќе го опишам како мандат за финансиско закрепнување на општина Неготино, истовремено изработка и реализирње на голем број на проекти, впрочем огромен дел од ветувањата во Изборната програма за Локалните избори во 2017 година денес се реализирани, на тоа сум посебно горд.

Кога би требало да наброите 5/6 проекти кои сте ги реализирале, кои би биле?
Како што кажав и претходно релизирани се голем број на проекти, изброната програма во огромен процент, мислам дека околу 90% е реализирана и тоа е факт, тоа е моја најголема гордост. Но доколку треба да набројам неколку би почнал од најгорливото прашање а тоа е водоснабдувањето.
Дневните рестрикции на водата за пиење денес скоро и да ги нема. Дефкти постојат и се случуваат , меѓутоа секојдневно работиме заедно со ЈП Комуналец на решавање на истите. Со зафати и реконструкција на дел од главната водоводна мрежа и поголеми дефекти, успеавме да задржиме во системот за водоснабдување околу 15 литри во секунда со што водоснабдувањето денес е далеку подобрено. Се разбира, не викам дека целосно е решен проблемот но ситуацијата е подобрена и во иднина мораме да продолжиме кон крајно решавање на проблемот.

Второ би го споменал решавањето на долгогодишниот проблем со сместување на дечињата во градинка. Во нашата детска градинка „Фемо Кулаков“ веќе подолг период имаше долга листа на чекање за запишување на дечињата. Меѓутоа, со изградбата на новиот објект „Темјанушка“ кој функционира во склоп на детската градинка сега веќе има место за сите дечиња. Овде морам да истакнам дека ова е целосно нов проект, изработен и реализиран со помош на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија. Изразувам огромна благодарност до Министерството и Владата, секако и до директорката на детската градинка која активно учествуваше во изработката и реализацијата на овој проект.

Трето , како човек кој во минатото 15 години активно играше ракомет, најсреќен сум што успеавме да ја реконструираме сопртската сала „Младост“. Со средства во висина од околу 300 000 евра, дел обезбедени од Агенцијата за млади и спорт, дел од буџетот на општина Неготино, извршивме целосна реконструкција на кровната и подната конструкција на СРЦ Младост, замена на стаклата и вратите, замена на санитариите во тоалетите и дел од соблекувалните. Денес, слободно можеме да кажеме дека СРЦ Младост е функционална и ставена во функција на спортските клубови во нашата општина, како и на сите граѓани кои рекреативно сакаат да ја користат. Овде изразувам благодарност до Агенцијата за млади и спорт за соработката во реализација на овој проект, кој напоменувам беше дел од мојата изборна програма и барање на нашите сограѓани, особено младите од општината.

Четврто, би го навел делот од инвестициите во социјалата, односно обезбедувањето на место за жиивеење на социјално загрозени жители од нашата општина. Со средства од ЈП за управување со стамбен и деловен простор, во Неготно се изгради првата социјална зграда. Со изградба на социјалната зграда се обезбеди место за сместување на 64 фамилии од социјален ризик.

Петто, но не и помалку важно, би го навел почетокот на решавање на сообраќајниот хаос во нашата општина. Со формирање на ЈП Паркинзи Неготино, се започна со организирано паркирање на возилата во централното градско подрачје и наплаќање на паркингот. Можам да споменам дека овие денови во градот е забележително решавањето на проблемот со место за паркирање, секако и во иднина ќе продолжиме со зголемување на паркинг местата и целосно решавање на проблемот. Во оваа насока би споменал дека со средства обезбедени од буџетот на општина Неготно, во моментот течат активности за изградба на првиот Кружен тек во градот, на локација кај Автобуската станица.

Под шесто би споменал голем дел на реконстурирани улици, како во градот така и во населените места Дисан, Криволак, Тимјаник, Пепелиште,Војшанци, Тремник. Дел од улиците се асфалтирани, дел бетонирани и дел уредени со бекатон плочки. Овде се секако и реконструораните паркови во градот, прекрасното издание на Спомен костурницата и многу други реализирани проекти .

Градоначалниче, бидејќи повторно сте кандидат, кои се вашите очекувања?
Очекувам втор мандат. Слободно можам да кажам дека согласно претходно искажаното, согласно посветеноста и вложувањата во овој мандат гордо исправен стојам пред моите сограѓани и ја барам поддршката од моите сограѓани. Анализите и анкетите кои ги правиме покажуваат предност од 11,3 % во корист на СДСМ.
Секако дека периодот на кампањата ќе го искористиме за средби со нашите сограѓани, промовирајќи ја изборната програма и новите проекти за Неготино, но за тоа повеќе после 27ми Септември, кога е официјалниот почеток на кампањата, не би сакал денес да го злоупотребувам моментот за предизборна кампања.