Астероидот, наречен 2021 NY1, ќе помине на безбедно растојание од Земјата, тврди НАСА, но тој е класифициран како објект што ќе се приближи близу до нашата планета.
Според НАСА, астероидот ќе помине на растојание од 1,5 милиони километри од Земјата, што е четири пати поголемо растојание отколку помеѓу нашата планета и Месечината.
Астероидот 2021 NY1 е карпест и се движи со брзина од околу 33.800 километри на час, што е близу 27 пати побрзо од звукот.