Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистени шест кривични дела: Приведена скопјанка што крадела во Гази Баба

На 22.09.2021 полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба. По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела. Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.

По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК