24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димовски до опозицијата: Не се стигнува на власт на грбот и на штета на работниците

„Праќам директен апел до пратениците од опозицијата која го блокира Заокнот за работни односи дека преку грбот на работникот и правење штета на работници не се стигнува на власт“ кажа претседателот на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски во неговото гостување на „Утрински брифинг“.

Тој го повика пратениците да престанат со нивните партиски препукувања и да го откочат законското решение кое предвидува недела да биде неработен ден.

„Тоа барање доаѓа од нас, од работниците. Знаеме моментално што се случува, сегашното законоско решение им дозволува на работодавачите ден за неделен одмор да биде друг ден во неделата. Затоа е неопходно донесување на ова законско решение“ кажа Димовски.

Тој додаде дека ова законско решение е донесено на Економско социјалниот совет, каде што учествуваат трите социјални партнери, синдикатите, работодавачите и Владата.

„Нема да се случи отпуштање на работници доколку се усвои ова законско решение, бидејќи знаеме колкав е дефицитот и колку работници ја напуштаат државата во барање по подобри работнички права и подобри плати“ кажа Димовски.

Тој објасни дека законското решение е составено во еден инклузивен процес каде што биле вклучени сите социјални партнери и се воделе отворени и јавни дебати.