„Агенцијата Брима редовно објавува политички барометри и јавно и транспарентно ги објавува. Наспроти тоа денес се појави некоја анкета од агенција која прв пат објавува, веројатно креирана во Белата палата за да го анулирате тоа што реално се случува. Сепак, на крајот граѓаните се тие што носат одлуки за тоа што е најдобро за нив“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека Мицкоски и пред претседателските избори тврдел дека СДСМ почнува да губи, по што ќе следува пад на власта, иако после тоа и на парламентарните избори повторно победи СДСМ.
„Ние може да имаме какви желби и да сакаме, но сега одлучуваат граѓаните. Тие одлучуваат за кандадати, програми и за тоа каков впечаток сме оставиле“ кажа Заев.
Тој додаде дека локалните избори се избори на личности и кажа дека коалицијата предводена од СДСМ понуди широка лепеза на кандидати, шт ое здраво за државата.
„После 6 порази, седмиот пораз не ви е причина да злоупотребувате и користите трагедии ставајќи се на една карта за да се спасите. Вие сте претседател на политичка партија која има осудени криминалци во државата. Немате кредибилитет да зборувате за борба против криминал и корупција“ кажа Заев.