Заклучно со август 2021 периодот јануари-август годинава за разлика од 2019 година, извозот е пораснат за 11%, истакна директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во гостувањето на Телевизија 24. Тој напомена дека споредбата не е со податоците од 2020 година кога имаше локдаун, а доколку се направи таква компарација тогаш извозот е зголемен за над 50% за разлика од лани.
-Има ризици од глобалните предизвици, ги следиме трендовите, но имаме 7,3% повисока вработеност во зоните со истиот месец минатата година, кажа Деспотовски.
Тој додаде дека засега има 2,1 милијарда извоз за првите осум месеци од годинава и ако извозот продолжи најверојатно ќе биде надминат плафонот од три милијарди евра извоз, што не се случило изминативе петнаесет години.
-Немам причина да не бидам оптимист, посочи Деспотовски.