2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Две нови стратешки инвестиции во енергетиката, сончева електрична централа и ветерен парк

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката. На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, известија од СДСМ.

Ова, според СДСМ е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас, потсетија од владејачкaта партија.

Додаваат дека во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.

„Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем. Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух“, нагласуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Утре изолирана појава на пороен дожд и грмежи, понеделник невреме низ речиси цела Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК