24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИС

Битиќи: Нашата компаративна вредност во економијата е човечкиот капитал и чекорите на Владата

Даночните политики е неизбежно да аспирираат кон глобалните трендови, но тоа нема да има репрекусии за микро, малите и средни претпријатија, туку за големите даночни обврзници, потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во гостувањето на Сител телевизија. Тој кажа дека овој период треба добро да се искористи за економијата да се ориентира на индустрии со висока технологија, каде е потребен човечки капитал со подобро платени работни места.

-Компаративна предност ќе ни биде човечкиот капитал. Самата географска поставеност и чекорите на Владата ќе придонесат за зголемена конкурентност. Наместо како земји од Западен Балкан ние да се бориме меѓу себе, сега направивме исчекор да настапуваме заедно против големите економии, особено за даночните политики, изјави Битиќи.

Тој истакна дека властите се трудат нашата конкуреност да не зависи од моменталните барања, туку ги согледува интересите и на националната економија, но и на регионот, затоа што тоа придонесува за економскиот раст воопшто.