Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мотоциклист кај Кичевско

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосница на магистрален со локален пат кај кичевското село Другово.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автомобил „опел астра“, управуван од З. С. (56) од селото Другово, и мотоцикл „сузуки“, управуван од И. М. (40) од Скопје.

Притоа тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Можеби ќе ве интересира

Паркинг конфликт излезе од контрола: Избоден скопјанец

ДЕСК

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.