22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Вчера беа попишани 114 308 лица

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица.

Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!

Можеби ќе ве интересира

Малолетник фатен со дрога, веднаш бил уапсен

ДЕСК

Ужас ја потресе Македонија: Млад скопјанец е е уапсен по сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК