13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за вчерашната оставка на министерот за здравство, Венко Филипче поради пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 луѓе, објави Сител.

-Да. Ќе соопштам мој став денеска, е одговорот кој телевизијата го добил од премиерот Заев преку СМС порака.

Министерот Филипче, заедно со неговиот заменик, Илир Мета како и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки. Од поднесувањето на оставката досега во јавноста има низа реакции, па така, претставниците на опозицијата бараат оставка да си поднесе и премиерот, додека досега невидена поддршка за Филипче доаѓа од голем број на граѓани на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.